Мета факт: Младите брачни парови не добија можност да изградат свој дом на Зајчев рид

Мета доби потврда дека до овој момент, младите брачни парови немаат можност за цена од максимум 350 евра за метар квадратен да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид, па затоа, ова ветување го оценуваме како досега неисполнето

-

Во Програмата за работа на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за периодот од 2021 до 2025 година, именувана како „Моќен сојуз, јас и вие“, има ветување дека за цена од максимум 350 евра за метар квадратен, младите брачни парови ќе може да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид. Мета доби потврда дека до овој момент, младите брачни парови немаат ваква можност, па затоа, ова ветување го оценуваме како досега неисполнето.

Во Програмата за работа на Јакимовски, на страницата број 5 е наведено следново:

„Зад Зајчев рид ќе отстапиме државно земјиште и ќе ги ослободиме од комуналии младите брачни двојки што живеат во општина Карпош. Тие ќе добијат мали плацови и со проект направен од општина Карпош секој ќе може да изгради свој сопствен дом по цена не повисока од 350 евра за метар квадратен.“ 

 

 

Мета.мк се обрати до кабинетот на градоначалникот во врска со ова ветување кое Јакимовски го дал во предизборниот период во 2021 година. Во одговорот кој го добивме од општината, е наведено следното:

„Градоначалникот Стевчо Јакимовски сè уште стои на ветувањето за отстапување на општинско или државно земјиште за изградба домови за млади брачни парови и ослободување од комуналии за изградба на типски куќи. За реализирање на истото Јакимовски веќе разговараше со надлежните служби во министерството за транспорт и врски, како и со министерот за транспорт и врски. Одговорот од таму е дека проектот е интересен, но за негово реализирање постојат законски пречки за кои е потребно да се направат законски измени кои ќе овозможат општината да има право да се откаже од својот дел од остварениот приход од продажбата на земјиштето“. 

Оттаму информираат дека во моментот, при продажба на земјиште со кое управува општината приходите се делат на: 40 отсто за општината, 40 отсто за град Скопје и 20 отсто за Владата.

„Општина Карпош очекува Владата да ги отстрани законските пречки со кои ќе се отвори пат за реализација на овој проект кој ќе биде од голема помош на младите брачни парови во нашата општина при обезбедувањето на место за живеење“, наведено е во одговорот од општината.

Ова исто ветување, Јакимовски го дал и во 2017 година, во периодот на предизборието. Тој тогаш во изјава за медиумите, рекол:

„Планираме да доделиме градежни парцели, на кои ќе бидат изградени типски куќи. Парцелите ќе бидат од 40, 65 и 80 квадратни метри, на кои младите брачни парови од Карпош ќе градат домови во вредност не поголема од 350 евра за метар квадратен. Младите брачни парови ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии“. 

Врз основа на одговорот од општината Карпош, можеме да заклучиме дека ветувањето за можност за младите брачни двојки да купат мали плацеви за да изградат свој сопствен дом, досега не е исполнето. 

 

ИЗВОРИ:

Програма за работа на Стевчо Јакимовски, „Моќен сојуз, јас и вие“ 2021 – 2025, проверено на 18 април 2023 година;

Programa-Stevce_2021_A4_priprema-za-pecat_compressed

Објава на А1Он, проверено на 18 април, 2023 година;

Објава на Фејсбук профилот на Стевчо Јакимовски во 2017 година, проверено на 18 април, 2023 година;

Изјава од Општина Карпош, 22 март 2023 година.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...