fbpx

Мета ќе ја активира армијата на 30 јуни ако има обид да се одржат изборите

-

Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како врховен командант ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите, пренесува весникот „Шќип“.

Според истиот извор, образложението на Мета било дека добил информации од странски служби за обид за нереди, што како шеф на државата не може да го дозволи.

По дводневни конфликти и меѓусебни расправии, ситуацијата во Скадар, Албанија, синоќа ескалираше во врска со декретот на албанскиот претседател Илир Мета со кој тој најави вето за одлуката за локалните избори да се одржат на 30 јуни

Претставниците на Демократската партија запалија една училница на училиштето „Шејназе Јука“ во Скадар, каде што беа и изборните материјали на Зонската комисија за изборна администрација (ЗКИА) број 3, од кои половина се оштетени, јавува „Топ Чанел“.

Претставниците на Демократската партија и Општина Скадар се судрија со Специјалните единици за брза интервенција, како што се случи претходно истиот ден и во спортската сала во Скадар.

Општина Скадар бара ослободување на просториите во кои се сместени Зонската комисија за изборна администрација и изборните материјали, бидејќи претседателот со декрет ги одложил изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...