fbpx

Меркел: Бегалците се пробен тест за ЕУ

-

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека бегалците се пробен текст за Европска унија и истакна дека Европа, која се соочува со најголемиот прилив на бегалци од Втората светска војна, мора заеднички да ги штити своите надворешни граници.

Меркел се заложила луѓето што доаѓаат во земјата само од економски причини да ја напуштат, а кога станува збор за бегалците, тогаш подобро е Европа заеднички да се ангажира.

Канцеларката истакна дека очекува согласност од Европскиот парламент по прашањата за бегалците и додала дека е потребно дефинирање на имиграцијата во Европа.

Таа нагласи дека е нужно да се преземе поголема одговорност за оние земји каде што бегалците најмногу се задржуваат, како Либан, Јордан и Турција.

– Ние мораме да им обезбедиме на тие што имаат потреба од заштита, да ја добијат. Тоа Европа го може само со заеднички сили – изјави Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...