fbpx

Мексикански гувернер на распит поради убиство

-

Истражителите од Мексико Сити денеска ќе отпатуваат во Веракруз поради испитување на гувернерот на мексиканската држава за убиство на фоторепортер, соопшти градоначалникот Мигел Ангел Менсера.

Градоначалникот соопшти дека сите можни сценарија за убиството се разгледуваат, вклучувајќи ја и можноста да биде политички мотивирано.

Гувернерот на Веракруз, Хавијер Дуарте, за локалните медиуми изјави дека нема сознание за инцидентот што се случил на 31 јули во стан во Мексико Сити, каде освен репортер, убиени се и четири жени.

Фотографот Рубен Еспиноза претходно побегнал од Веракруз изјавувајќи дека стравува за својата безбедност поради покривањето на протестите.

Откако Дуарте дојде на власт во 2010 година, 13 новинари се убиени во мексиканската крајбрежна држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...