Штетите што индустријата во Русија ги трпи поради антируските санкции на Западот, можат да достигнат 20 милијарди долари, изјави в.д. министерот за индустрија и за трговија, Глеб Никитин.

Според него, санкциите се насочени против нафтената индустрија, гасот и одбранaта, но овие сектори покажуваат благ пораст наспроти кризата.

– Врвот на негативни очекувања во руската индустрија, помина – нагласи Никитин.

Во јуни 2015 година, сите индустриски гранки оствариле пораст, со исклучок на некои кои и не биле во криза, како хемиската индустрија.

Никитин додава дека трендот на зголемен број банкротирања продолжил и во првото тримесечје во 2015 година.

Масовни затворања на фирмите не се очекуваат и се работи на антикризни мерки за наредното тримесечје.