Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

Рокот за конкурирање за специјализации на овие факултети тече. Годинава првпат специјализации ќе има и на факултетот во Тетово

-

Новите огласи, односно новиот конкурс за специјализации, бил темата на денешната средба на министерот за здравство Фатмир Меџити, со деканите на медицинските факултети: во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска; во Штип, проф. д-р Милка Здравковска; и претставник од Деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези.

Рокот за конкурирање за специјализации на овие факултети тече. Годинава првпат специјализации ќе има и на факултетот во Тетово, соопшти Министерството за здравство.

„Младиот кадар е иднината на здравствениот систем, во нив континуирано вложуваме со цел намалување на трендот на мигрирање на нашите едуцирани лекари во странство. Веќе е во тек процес за промена на правилникот за специјализации, согласно европските примери и практики, со цел надополнување на специјалистичкиот кадар согласно конкретните потреби на јавните здравствени установи“, посочи министерот Меџити на средбата.

На средбата се разговараше и за можноста за околу 600 нови вработувања во областа на здравството кои се презентирани на седница на Влада, како и за можностите за вработување на приватните специјализанти.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...