fbpx

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

-

Неодговорното пренесување разни неточни текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона-вирус COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал, се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за лекар), кои кружеа по социјалните мрежи изминативе 3-4 недели, а досега беа успешно разоткриени од голем број проверувачи на факти во светот и на Балканот, пишува КриТинк.мк.

Во текстот отсуствуваат други мислења, има отсуство на докази дека на темата ѝ се пристапило посериозно и се консултирале повеќе извори и повеќе мислења. Во него само се изнесуваат погрешни совети и полувистини, што може да создадат заблуди кај граѓаните и да предизвикаат сериозни последици.

Првиот од „советите“ вели:

Ако на настинатиот му тече носот или го боли грлото, тој не е заразен со корона-вирус, бидејќи пневмонијата се јавува со сува кашлица, без течење на носот. Тоа е најлесниот начин за забележуваење на вирусот.

Наспроти ваквото тврдење, Светската здравствена организација во делот „Прашања и одговори за новиот корона-вирус (COVID-19)“, во секцијата „Кои се симптомите на COVID-19“ вели дека највообичаените симптоми се треска, замореност и сува кашлица, но и дека некои пациенти може да имаат болки, затнат нос, течење на носот, болно грло или дијареја. Значи, ако ви тече носот и ве боли грлото, сепак може да бидете заразени од корона-вирусот.

Истото го кажува и македонскиот Институт за јавно здравје (ИЈЗ), во брошурата „Прашања и одговори“

Дополнително, во погорниот совет проблем е и што се мешаат две работи. Во првата реченица првин се зборува дека ако ви тече носот или ве боли грлото, немате корона-вирус, а потоа веднаш се префрла на знаци на пневмонија!?

Вториот „совет“ во рецензираниот текст вели:

Корона-вирусот не е отпорен на топлина и умира на 26 до 27 Целзиусови степени. Затоа пијте што повеќе топли напитоци, како што е чајот. Не е лек, но добар е за телото. Пиењето топли напитоци е ефикасно во уништувањето на сите вируси. Обидете се да не консумирате смрзнати напитоци. Изложете се на сонце.

Наместо тоа, Министерството за здравство во делот „Често поставувани прашања“ вели „се смета дека хуманите корона-вируси можат да опстанат на инертна површина на собна температура до девет дена, додека на повисока температура, секако, дека побрзо се уништуваат вирусните честички“. СЗО вели дека корона-вирусите може да опстанат вон човековиот организам од неколку часа до неколку дена, а во делот „Разбивање на митовите“ (на македонски тука) вели дека вирусот може да се пренесува и во топли и во влажни климатски услови.

На крајот на сѐ, простата логика вели дека ако нормалната човечка температура се движи од 36,5 до 37 Целзиусови степени (според СЗО), вирусот не би смеел воопшто да се размножува во човечкиот организам, бидејќи, според „советот на италијанскиот лекар“, вирусот умира на 26-27 степени.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...