fbpx

Медиапул: Македонците можеби ќе го одложат внесувањето на Бугарите во Уставот

Бугарските медиуми пренесуваат цитати од интервју на претседателот Пендаровски во кое тој вели оти премногу време изгубивме занимавајќи се само со Бугарија

-

Бугарските медиуми го цитираат претседателот Пендаровски, кој според нив најавува дека е можно промената на Уставот и внесувањето на Бугарите во преамбулата да биде оставено на следниот парламентарен состав. Оваа промена на Уставот е услов за одржување на втората меѓувладина конференција со Европската унија и отварање поглавјата во преговорите на Македонија за членство во унијата.

Во текстот објавен на бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg се нагласува дека целта на владата на Димитар Ковачевски е почетокот на преговорите да се случи до крајот на годинава, но ВМРО-ДПМНЕ ги блокира уставните измени во Собранието.

Потоа е цитиран претседателот Пендаровски, за кој се вели дека во интервју за ТВ „Телма“ рекол оти „ако нема шанса да постигнеме двотретинско, ако прифатиме дека тоа не може да го направиме денеска, утре, задутре… до крајот на годината, да го одложиме и следниот победник на парламентарните избори нека се занимава со тоа прашање. Бидејќи, знаете, дека со сила нема убавина“. Ваквата изјава на Пендаровски е пренсена од Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Исто така, во текстот на mediapool.bg цитиран е коментарот на Пендаровски дека е загубено скапоцено време „поради едно прашање што е безопасно според содржината“.

„Затоа што е јасно што значи тоа да запишеме Бугарите во Уставот, веќе имаме 7, што ако имаме 12 народи во нашиот Устав. Наместо да ги приоритизираме темите, речиси година и половина се занимаваме само со Бугарија“, цитирани се делови од интервјуто на Пендаровски за ТВ „Телма“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...