Мазнева: Заврши работата со мафијашките структури, „Комунална хигиена“ е повторно во функција

Со висок тон се обрати градоначалничката Данела Арсовска, која ѝ даде поддршка на Мазнева, велејќи дека сите треба да ја поздрават за начинот на кој се справила со мафијашките структури и дека досега, во рок од 30 години, „не се нашол некој маж што ќе го направи тоа“

-

Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева-Николиќ на денешната прес-конференција рече дека „успешно се справиле со мафијашките структури кои не дозволувале ниту еден вработен да ги извршува своите задачи и дека сега ситуацијата е ставена под контрола“. Со висок тон се обрати градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која ѝ даде поддршка на Мазнева, велејќи дека сите треба да ја поздрават за начинот на кој се справила со мафијашките структури и дека досега, во рок од 30 години, „не се нашол некој маж што ќе го направи тоа“.

Најмалку десетина пати, Мазнева и Арсовска го спомнаа зборот „мафијашки структури“, но не одговорија конкретно на кого мислат.

„Веќе неколку дена, помала група на вработени кои повеќе од 15 години ако не и повеќе, ја држат третата смена спротивно на законите и на колективниот договор, а поголем дел од нив воопшто не се појавуваат на работното место и ја блокираат редовната работа на претпријатието и не дозволуваа да биде исчистен сметот. Сето тоа беше уредно пријавено, а само откако притисокот од јавноста стана неподнослив, надлежните органи преземаа активности. Денес работата на ЈП Комунална хигиена е вратена во нормала“, рече Мазнева-Николиќ.

Таа рече дека целата територија на Град Скопје била во заложништво, но дека екипите во доцните часови биле пуштени на терен, екипирани се сите работници, и дека нема да има ниту една општина каде што нема да се исчисти.

„Ќе работиме 24 часа. Заврши работата со мафијашките структури, претпријатието е комплетно ставено во функција“, рече Мазнева.

Таа кажа дека поради заштита на лични податоци, нема да ги соопшти имињата на мафијашките структури, но дека за сите наводи се известени и Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и дека се поднесени и кривични пријави.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска рече дека по случајот е постапено уште пред 25 јуни, кога почнале сите постапки против лицата, по што „овие мафијашки структури решиле да се пресметаат со Мазнева“. Таа со висок тон се обрати до новинарите:

„Нема да дозволам една жена, која се нафати да се справува со 1.400 вработени, а која била во заложништво на стотина ликови, семејно поврзани, од кои оние што ги водат се мафијаши, да ја направат виновна за било што. Треба да го поздравите тоа што некој се справува со овие мафијаши после повеќе од 30 години. Оти немало маж доволно силен да се справи со сите нив. Нема повеќе мафијаши да нè уценуваат“, рече Арсовска.

Некои од лицата, рече градоначалничката на Град Скопје, живееле во Германија и Швајцарија, а земале плата од „Комунална хигиена“, а дел од кривичните пријави се однесувале и на потешки кривични дела и дека затоа не може да ги каже нивните имиња.

Таа додаде дека е невозможно за пет часа да се исправи штетата што „за три дена ја направиле мафијашите во градот“, но дека градот ќе биде исчистен.

И од Синдикатот на Комунална хигиена потврдија дека работата на институцијата продолжува и дека од денеска нема да има веќе протести.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...