fbpx

Масакр во Париз: 160 загинати во серија терористички напади

-

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала „Батакло“, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција.

Француските медиуми јавуваат дека 120 загинати е билансот по полициската акција во салата „Батакло“, каде група вооружени лица држеа стотина заложници.

Безбедносните сили упаднале во „Батакло“ за да ги ослободат луѓето што беа заложници, наводно, на џихадисти. Тројца напаѓачи се убиени.

Претставник на париската полиција соопшти дека во салата е извршен масакр, додавајќи дека напаѓачите ги гаѓале заложниците со експлозивни направи.

Полициската акција следеше по најмалку шест синхронизирани напади низ Париз, во кои загинаа најмалку 40 лица.

Светските агенции јавуваат дека полицијата убила пет напаѓачи на различни локации во градот.

Концертната сала „Батакло“, каде вечерта настапувала американската рок-група „Иглс оф дет метал“, се наоѓа на околу 200 метри од поранешните канцеларии на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, што џихадистите го нападнаа во јануари годинава.

Други три лица, наводно, се убиени во близина на стадионот „Стед д Франс“, на северот на градот, каде се играше фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Франција и на Германија. Францускиот претседател Франсоа Оланд беше евакуиран од стандионот, пред мечот да заврши.

Оланд подоцна прогласи вонредна состојба во земјата, најави затворање на границите на Франција и го откажа своето просуство на самитот Г20, што викендов се одржува во Турција. Претседателот, исто така, распореди дополнителни 1.500 припадници на безбедносните сили низ Париз. Организаторот на натпреварот ги евакуираше посетителите, а на интернет се појави снимка на која обожавателите, напуштајќи го стадионот, ја пеат француската химна.

Dans un tunnel de sortie du Stade de France, sortie dans le calme…. Et la Marseillaise. #fier

Posted by Karl Olive on Friday, 13 November 2015

Другиот напад се случил во камбоџански ресторан, во близина на концертната сала „Батакло“.

Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, ги повика граѓаните да останат дома.

Франција е во состојба на зголемена готовност откако џихадистите во јануари го нападнаа сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и еврјеска балакница, при што убија 17 лица. Полицијата изминатите десет месеци успеа да спречи неколку терористички напади.

Повеќе од 500 Французи се борат на страната на Исламска држава во Сирија и во Ирак, покажуваат податоците на француското МВР, според кои 250 лица веќе се вратиле во земјата, а 750 се подготвени да заминат во завојуваните блискоисточни земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...