fbpx

Убиени двајца терористи во концертната сала „Батакло“

-

Полицијата упадна во париската концертна сала „Батакло“, каде десетици лица се заложници на засега непознат број терористи, јавуваат француските медиуми.

Според последните извештаи, двајца терористи се убиени откако киднаперите одбиле да преговараат со полицијата.

Засега не се знае точниот број заложници во концертната сала. Медиумите јавуваат различни бројки, од 60 до 100 лица.

Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, која ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови, пристигна во салата „Батакло“. Очевидец, кого медиумите го идентификуваат како Ана, вели дека слушнала пукање во салата, но оти првично мислела дека станува збор за петарди, а подоцна се слушнала силна експлозија. Концертната сала е последната од четирите локации што напаѓачите ги таргетирале во Париз. Француските власти не ја исклучуваат можноста за пораст на бројот на жртвите, кој според последните податоци се искачил на 100 загинати. Локалната телевизија БФМ јавува дека едно или две лица дошле во салата и почнале да пукаат во воздух.

Новинарот на „Европа 1“, кој за време на нападот бил во театрот, вели дека напаѓачите биле многу млади, не биле маскирани и носеле пушки „калашников“.

Според репортерот на „Си-Ен-Ен“, кој е на местото на заложничката драма, лицата што успеале да побегнат од салата кажуваат оти шест или осум напаѓачи има во објектот и оти веднаш почнале да ги убиваат присутните.

БФМ јавува дека три тешко вооружени лица ја нападнале полицијата пред концертната сала „Батакло“.


Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...