fbpx

Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година

Османи се заблагодари за подготвеноста на Малта да го преземе претседателството со ОБСЕ за наредната година и им се заблагодари на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката

-

Македонскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска информираше дека Малта ќе биде земјата која што ќе го преземе претседателствувањето со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во 2024 година.

„Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе биде потврдена на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје“, напиша попладнево Бујар Османи на Твитер.

Османи се заблагодари за подготвеноста на Малта да го преземе претседателството со ОБСЕ за наредната година и им се заблагодари на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката.

Инаку, Мета.мк уште во петокот објави информации дека Русија подолго време го блокира предлогот Естонија да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година и дека алтернатива за оваа земја е Малта. Токму претседателствувањето со ОБСЕ е едно од прашањата што ќе се разгледува на Министерскиот самит во Скопје, но остануваат отворени и други прашања, како што е усвојувањето на буџетот на Организацијата и проблематизирањето на функционирањето на 12-те странски мисии на ОБСЕ.

Руската делегација ќе може да слета во Скопје, извесно доаѓањето на Захарова

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје, доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор за руската делегација, но и дека некои западни земји побарале да се сретнат со него. Лавров рече дека Северна Македонија го поканила да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи во организација на ОБСЕ што ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември.

Лавров најави доаѓање во Скопје ако Бугарија го отвори воздушниот простор за руски авиони

Македонската влада на петочната седница одлучи да им пренесе овластување на надлежните министерства сами да одлучат за издавањето на одобрение за прелет и слетување на руски воздухоплов на 30-тиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје од 29 ноември до 1 декември. Ова практично значи дека Министерството за надворешни работи ќе може да ја тргне забраната за прелет и слетување на руски државни авиони над и во земјава за овие три денa.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...