fbpx

Македонската армија ги презентираше новите оклопни возила набавени од САД [фото]

Петровска порача дека продолжуваат инвестициите и во опрема, но и во човечки капитал и најави дека наскоро ќе започнат консултациите за новите измени во Законот за служба во Армијата кои дополнително ќе го подобрат стандардот на армиските припадници

-

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип пред министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, американската амбасадорка Анџела Агелер и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, беа презентирани новите оклопни возила од типот JLTV кои се составен дел на арсеналот на Армијата, информираат од Министерството за одбрана.

„Армијата во моментов располага со 32 вакви возила од американско производство. Hабавени се во рамки на процесот на модернизација и опремување на македонската Армија кој вклучува набавка и на оклопни транспортери од типот Stryker, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови повеќенаменски хеликоптери и друга опрема со која се зголемува безбедноста на државата и колективната безбедност на Алијансата“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Министерката Петровска пред присутните истакна дека македонската Армија долго време била оставена и без поддршка со низок војнички стандард и без доволно средства за одржување, а дека денеска веќе може да се зборува за современо вооружување.

„Пред десетина години главни предизвици беа војничките чизми и униформи, превозот, исхраната, денес, денес тоа се редовни набавки за кои зборуваме како да ги подобриме, а не дали ќе ги подобриме. Денес зборуваме и планираме набавки на лесни оклопни возила, нови оклопни транспортери, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови хеликоптери и многу современо вооружување“, рече министерката за одбрана.

Петровска порача дека продолжуваат инвестициите и во опрема, но и во човечки капитал. Најави дека наскоро ќе започнат консултациите за новите измени во Законот за служба во Армијата кои дополнително ќе го подобрат стандардот на армиските припадници.

„Колку ја сакаме државата покажуваме со инвестициите во одбраната и во опрема и во вооружување, но и во човечки капитал. Наскоро ќе започнат консултации со синдикатите за новите измени за Законот за служба во Армијата со кои ќе одговориме на предизвиците и уште повеќе ќе ги унапредиме условите за работа и живот на припадниците на македонската Армија. Затоа што припадниците на Армијата тоа го заслужуваат, тие не се плашат да одговорат на секоја задача затоа што за нив нема пречка, има само предизвик, а мене вие припадниците на Армијата ми давате сила да истраам во нашата заедничка мисија – горди на Армијата”, истакна Петровска.

Министерката им се заблагодари на членовите на интегрираниот проектен тим за посветеноста во реализацијата на овој проект, како и на амбасадорката на САД и на нашите американски сојузници со кои заедно ја градиме безбедноста, а со тоа и иднината.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање истакна дека со ставањето во оперативна готовност на добиените лесни оклопни возила, како и современите средства кои се очекува да пристигнат во понатамошниот период значително се подобрува оперативната способност и борбена готовност на Армијата. На припадниците од 2 пешадиски баталјон во чиј состав се овие современи борбени средства им оддаде признание за остварените резултати и им порача да ги достигнат потребните стандарди во обуката и одржувањето на овие средства.

Амбасадорката Агелер им честиташе на министерката Петровска и граѓаните на Северна Македонија за набавката на овие возила кои се значајни за интероперабилноста во НАТО и за процесот на модернизација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...