Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) да се зголеми за два денара за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Од ноќеска на полноќ, литар дизел горивото ќе чини 78,5 денари.
Поскапува и Екстра-лесното масло за домаќинство и тоа за 2,5 денари за литар, па од вечерва ќе чини 78 денари за литар.
Се менува и цената на мазутот, кој ќе се продава по цена од 45,031 денари за килограм.
Од друга страна, малопродажните цени на бензините не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 85,5 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 87,5 денари.