Уставен суд оформи предмет за ДУП Буњаковец каде е лоцирана и фабриката „Треска“

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ се надеваат дека Уставниот суд ќе постапува брзо и ефикасно, имајќи предвид дека инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба на локацијата на фабриката „Треска“

-

Уставниот суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, со која се оспорува Деталниот урбанистички план (ДУП) за локалитетот Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на поранешната фабрика „Треска“.

„Овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница“, соопштија од Уставниот суд.

Во иницијативата што е испратена до Уставниот суд се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план, односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ се надеваат дека Уставниот суд ќе постапува брзо и ефикасно, имајќи предвид дека инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба на локацијата на фабриката „Треска“.

Од „Шанса за Центар“ додаваат дека градоначалникот на Центар Горан Герасимовски веќе потпишал една дозвола за градење, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај фабриката „Треска“.

„Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар“, стои во соопштението од „Шанса за Центар“.

Тие потсетуваат дека за просторот кај фабриката „Треска“ се бореле граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, а политичка волја за промена имало до 2020 година кога се прифатило напуштање на решението од ДУП-от и се направил конкурс за овој локалитет.

„Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните“, велат од „Шанса за Центар“.

Инаку, на локацијата кај фабриката „Треска“ летово забрзано се одвива рушење на постојните индустриски објекти. Дел од градбите што се протегаат кон булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веќе целосно се срушени, а на тој дел е поставена и градежна ограда. На преостанатиот дел од просторот во моментов се врши рушење на преостанатите градби и градежниот шут се дислоцира со камиони од локацијата.

Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“ [фото]

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк...