Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“ [фото]

Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени до темел

-

Во кругот на некогашната фабрика „Треска“, деновиве интензивно се работи на рушење на поранешните фабрички погони и се подготвува простор за во иднина да се градат нови згради. Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени, а со багери градежниот шут се товари во камиони и се изнесува надвор од фабриката.

Рушењето на некогашните фабрички погони е видливо единствено за жителите на околните згради, но не и за минувачите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Рузвелтова“, бидејќи објектите кои се наоѓаат покрај самите сообраќајници се уште не се срушени.

Инаку, рушењето на објектите во кругот на фабриката „Треска“ се одвива стихијно веќе цела година наназад. Општина Центар во август минатата година соопшти дека започнало чистењето на старите објекти, откако самите локални власти ги одобриле дел од барањата за издавање решенија за нивно отстранување.

Се расчистува просторот во „Треска“, следува ли бетонизацијата и на овој дел од градот?

Од Општина Центар рекоа дека по минатогодишниот пожар, локацијата „Треска“ била претворена во нелегална депонија, а дел од објектите имале и азбест кој негативно влијаел врз здравјето на граѓаните.

Во април годинава реагираа и од „Шанса за Центар“, откако започна расчистувањето на дел од објектите во рамките на фабриката „Треска“. Тогаш од оваа советничка група изјавија дека не добиле информација на Совет на општина Центар кој го расчистува теренот во комплексот „Треска“, а градоначалникот ги крши одлуките и прописите и работи спротивно од сопствените предизборни ветувања во однос на „Треска“. Од општината тогаш реагираа дека станува збор за лаги и манипулации од „Шанса за Центар“.

Шанса за Центар и општина Центар во костец за земјиштето кај фабриката Треска

Инаку, во кругот на фабриката „Треска“ се случија два пожара, и тоа првиот во септември 2021 година, додека вториот поголем инцидент беше на 14 април 2022 година, кога интервенираа бројни противпожарни возила и пожарникари за да ги изгаснат отровните пламени јазици.

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...