fbpx

На местото на „Треска“ почна изградбата на згради, кавги во Општина Центар

И додека на терен се гради првата станбена зграда, во Општина Центар течат меѓусебни караници помеѓу градоначалникот Горан Герасимовски и советниците од иницијативата „Шанса за Центар“

-

Инвеститорот „Голден Арт“ со спонзорирани текстови ја промовира изградбата на станбениот комплекс „Треска“, која започна на 20 септември да се изведува на местото на поранешната фабрика за мебел. И додека на терен се гради првата станбена зграда, во Општина Центар течат меѓусебни караници помеѓу градоначалникот Горан Герасимовски и советниците од иницијативата „Шанса за Центар“.

„Шанса за Центар“ на Фејсбук објави видео од последната седница на Советот на општина Центар, на која градоначалникот Горан Герасимовски влегува во преписка со нивната советничка група околу изработениот архитектонски Конкурс за локацијата „Треска“ и неговото невклопување во ново урбанистичко решение, со кое би се заменил актуелниот Детален урбанистички план од 2012 година.

Фото: Мета.мк

Герасимовски на советниците од „Шанса за Центар“ им рече дека е жално што граѓаните плаќаат за конкурсни решенија за коишто нема простор за реализација. Од десетина вакви конкурсни решенија, општина Центар има реализирано само едно. Герасимовски тврди дека ваквите идејни решенија не само што не се искористени, туку нема и да може да се искористат.

„Што правиме со потрошените средства, праша Герасимовски, тврдејќи дека некој однапред знаел дека ваквите идејни решенија не е возможно да се реализираат, затоа што станува збор за имот односно фабрика којшто во поголем дел е приватна.

„Можам ли јас кај вас на парцела да ви цртам мене што ќе ми текне“, ги праша Герасимовски советниците од „Шанса за Центар“.

Тој рече дека треба да се бара отчет зошто се потрошени парите за таквите идејни решенија коишто никогаш не се реализирани.

Советничката Дивна Пенчиќ од „Шанса за Центар“, која е и универзитетска професорка на Архитектонскиот факултет, му одговори на градоначалникот да се запознае со тоа што е урбанистичко планирање, а потоа да зборува за истото.

„Ако немаме некој да решава што да има на туѓа парцела, немаше да има урбанистичко планирање. Урбанистичкото планирање подразбира некој стручен да даде насоки за развој на градот и не се прашува некој што има нивче, лозјенце, парцелче, шупа што да се гради“, рече Пенчиќ.

Пенчиќ го праша градоначалникот на Центар како парковската површина што е планирана во ДУП-от за локацијата Треска ќе се реализира, како ќе се откупи земјиштето, кога ќе се проектира парк и како ветувањето дека ќе има повеќе зеленило во Центар ќе се оствари.

Герасимовски одговори дека точно е оти помеѓу вцртаното парковско зеленило во ДУП-от во моментов има објекти кои дел се легализирани, а дел се на приватни сопственици, додавајќи дека општината планира во иднина дел по дел истите да ги експропреира.

Инаку, Советот на општина Центар во 2020 година донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со објава на конкурс, по што беше избрано победничко решение, но истото никогаш не беше вклопено во нов урбанистички план за делот на фабриката „Треска“. Од „Шанса за Центар“ велат дека виновник за ова е токму градоначалникот Герасимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...