fbpx

Лидерите зедоа и втора пауза на преговорите

-

Лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, веќе зедоа и втора пауза по три часа откако ја почнаа лидерската средба.

Претставниците на партиите ги користат паузите за меѓупартиски консултации.

Средбата, на која присуствува и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ, почна со 40 минути доцнење откако последен пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Него го дочека Александар Ѓеорѓиев, кој е портпарол на Владата. Тој истакна дека не е таму поради Груевски, туку затоа што на средбата присутен е и потпретседателот на Владата, министерот за здравство, Никола Тодоров.

Претставници од СДСМ се лидерот Зоран Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и пратеничката Рената Десковска. Од ДПА присутен е лидерот Мендух Тачи заедно со пратеникот Имер Алиу, додека ставовите на ДУИ ги застапуваат лидерот на партијата, Али Ахмети, и шефот на неговиот кабинет, Артан Груби.

На денешната средба лидерите треба да направат пресек колку од условите што ги договорија на 20 јули се исполнети и дали во декември ќе се одржат избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...