fbpx

„Лекари без граници“: Бомбардирањето на болницата во Кундуз е воено злосторство

-

Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека поради изјавата за смртоносно бомбардирање на болницата во авганистанскиот град Кундуз работи под претставка дека е извршено „воено злосторство“.

„Според тврдењата на авганистанската влада, талибанските сили ја користеле болницата за да пукаат на силите на коалицијата. Овие изјави укажуваат на тоа дека силите на Авганистан и на САД заеднички одлучиле да ја срамнат со земја целосно функционалната болница, со што извршиле воено злосторство“, се наведува во соопштението на претседателот на „Лекари без граници“, доктор Џоан Лиу.

Американскиот министер за одбрана, Еш Картер, вети детална истрага за да се утврди дали американската војска била вмешана во нападот на болницата, во кој загинаа 22 лица.

Картер предупреди дека ќе биде потребно многу време за да се соберат неопходните информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...