fbpx

ЛДП: Груевски да каже колку тежи неговиот личен и семеен имот

-

„Минатата недела Либерално-демократската партија излезе во јавноста со соопштение, односно со прашање за поранешниот премиер јавно да каже колку тежи неговиот имот. По 10 поминати дена од тоа соопштение, јавноста сè уште не доби одговор на прашањето колку е богат Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

– На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не може да се пронајде анкетниот лист на Груевски и затоа потсетуваме дека Управата за јавни приходи има законска обврска да спроведе постапка за испитување на имотната состојба против лице кое не дало податоци и не приложило анкетен лист. Либерално-демократската партија бара отчет од поранешниот премиер Никола Груевски за тоа колку тежи  неговиот личен и семеен имот по десет години владеење во Македонија – праша Јаневиќ.

Тој посочи дека од ЛДП сметаат дека сега е време Груевски да каже јавно пред македонските граѓани колку се збогатил  за годините додека беше на чело на Владата, а во согласност со, како што рече, практиката на Груевски „често да дава отчет што сè сработил, дури да брои фингирани проекти, фантоми, пензионери што одат на скијање“.

– Транспарентноста на Груевски  треба да подразбира што поседува тој во моментов, како и со колкав имот располагаат неговиот брачен партнер и родителите. Ваков отчет бараме и од неговите најблиски соработници, осомничени во случајот „Титаник“, поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Нивното заминување од Владата во никој случај не подразбира дека треба да го стават под тепих анкетниот лист за нивната имотна состојба – вели Јаневиќ.

Според Законот за спречување на корупцијата (член 33), додаде Јаневиќ, носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба.

– Истото важи и при напуштањето или преземањето нова функција. Врз основа на тие податоци се следи дали во текот на мандатот функционерите драстично го зголемиле својот имот и доколку станале премногу богати, дали тоа го направиле на незаконски начин. Случајот со откривање на офшор-сметките од Панама покажа дека светската јавност е заинтересирана за парите на функционерите. По една деценија режимско владеење, македонската јавност го има секое право да ја дознае имотната состојба на своите функционери – заклучи Јаневиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...