fbpx

Кремљ за прв пат „специјалната воена операција“ во Украина ја нарече војна

„Ние сме во војна. Навистина, таа започна како специјална воена операција, но штом се формираше клика и колективниот Запад се приклучи на страната на Украина, тоа се претвори во војна за нас“, вели Песков

-

Русија сега вели дека е во „војна“ со Украина поради наводно мешање на Западот во она што Москва претходно го нарекуваше „специјална воена операција“. Ваква изјава даде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за медиумот „Аргументи и факти“, кој е во сопственост на општинската влада во Москва, пренесе Радио Слободна Европа.

„Ние сме во војна. Навистина, таа започна како специјална воена операција, но штом се формираше клика и колективниот Запад се приклучи на страната на Украина, тоа се претвори во војна за нас“, рече Песков.

Откако ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Кремљ избегнуваше конфликтот да го нарекува војна и наместо тоа го опишуваше како „специјална воена операција“.

Руските власти отидоа дотаму што протуркаа нови закони во Државната дума кои го направија незаконско нарекувањето на конфликтот „војна“, а многу луѓе беа казнети и затворени заради „дискредитација на руските сили“ и „ширење лажни информации“.

Песков во своите изјави додава дека Русија мора целосно да ги „ослободи своите нови региони“, мислејќи на четирите региони во Украина кои незаконски ги анектираше за време на војната.

Москва тврди дека регионите сега се дел од Русија, иако не ги контролира во целост.

Изјавите на портпаролот Дмитриј Песков доаѓаат откако рускиот претседател Владимир Путин победи на изборите минатиот викенд. Независните набљудувачи за изборите рекоа дека не биле ниту слободни, ниту фер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...