fbpx

Коѕиас со критика до Австрија за утрешниот состанок со државите од Западен Балкан

-

За грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утрешниот состанок меѓу Австрија и државите од Западен Балкан е вонинституционална иницијатива што го прекршува духот на европските договори и истовремено покажува непријателски став кон Грција.

Откако грчкото министерство за надворешни работи достави и протестна нота до Австрија, незадоволството за оваа австриска иницијатива за бегалската криза, во која не е вклучена Грција, го изрази и лично министерот Коѕиас. Во изјава, Коѕиас остро ја критикува Виена, коментирајќи дека овој чекор го крши европското и меѓународното право.

– Фактот што Грција не е поканета на овој состанок се чита како активност која не е пријателска кон државата, бидејќи се добива впечаток дека некои во наше отсуство сакаат да донесат одлуки што директно ќе нè засегаат – вели Коѕиас.

Тој оценува дека состанокот меѓу шефови на полиции на европски држави со држави од Западен Балкан кратко време по завршувањето на состанокот и по донесувањето на одлуките во Брисел за бегалската криза и на одлуките за движење во насока сосема спротивна од договорената, покажуваат недостиг од демократски капацитети на одредени членки на ЕУ.

– Шефовите на полициите не може да ги поништуваат одлуките на европските лидери – истакнува Коѕиас.

Според него, ваквото однесување е спротивно на европската култура на соработка и на дијалог меѓу сите земји-членки. Тој посочува дека Грција прави огромни напори за справување со бегалската и со хуманитарната криза во согласност со меѓународното право и ќе продолжи да се однесува според европските вредности, барајќи начин за борба и за справување со причините што ја создаваат кризата, а не резултатите од неа.

Во Атина владее голема вознемиреност зашто државата, иако е дел од ЕУ, останува изолирана во однос на одлуките во врска со бегалската криза, додека членките на ЕУ работат на засилување на соработка со државите од Западен Балкан, а Македонија и Србија воопшто не се дел од ЕУ.

Министерот за миграција, Јанис Музалас, пак, денеска во интервју за телевизијата „Скај“ оцени дека се прави пуч врз Грција со затворањето на македонската страна на границата и истакна дека е тажен и антиевропски потегот на Австрија за свикување состанок само со државите од Западен Балкан.

Министерот истакна дека се бараат и нови локации за центри за мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...