fbpx

Анкета на „Фактор плус Адрија“: ВМРО-ДПМНЕ со 4,3 отсто предност пред СДСМ

-

Според најновата анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, доколку утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат 28,9 отсто од гласовите, СДСМ 24,6 отсто, за ДУИ би гласале 10 отсто од граѓаните, за ДПА 4,4, а неопределени се 26,9 отсто.

Анкетата е правена телефонски, во периодот од 15 до 22 февруари, на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Според истражувањето, 56 отсто од испитаниците сметаат дека Договорот од Пржино е делумно спроведен, 27 отсто дека е целосно спроведен, а 17 отсто дека воопшто не е спроведен.

На прашањето „Дали мислите дека одложувањето на изборите може да придонесе за одржување на фер и демократски избори во Македонија или не?“, 30 отсто од анкетираните одговориле „да“, 23 отсто одговориле „не“, „немам мислење“ бил одговорот на 25 отсто од прашаните, а 22 отсто одбиле да го одговорат прашањето.

Ова е трета анкета на „Фактор плус Адриа“ за Македонија. Претходната, од 26 јануари, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 29,9 отсто од гласовите, а за СДСМ ќе гласаат 23,5 отсто.

Првата, објавена на 24 декември, покажа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 29,5 отсто, додека на СДСМ е 21,4 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...