fbpx

Ковачевски: Иако не е наша надлежност, ќе побараме помош од Брисел за проблемот со бездомните кучиња

-

По настанот со убиството на десетина улични кучиња во Струга кој предизвика бурни реакции во јавноста, денес премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на РЕК Битола, рече дека и покрај тоа што проблемот со кучиња скитници е во надлежност на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар, кој ќе биде дом за тие кучиња.

Проблемот со бездомните кучиња премиерот го оцени како многу голем, а од друга страна, како што рече, „градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, како што не се занимаваат со многу работи што им се во надлежност“.

Ковачевски рече дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем, бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него“, рече Ковачевски.

Во меѓувреме, бројни активисти и здруженија за заштита на правата на животните, најавија дека утре во 16 часот пред Владата ќе се одржи протест. Активистите утре ќе понудат и решенија за да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња, убиства и расфрлани отрови.

Жител од струшко се сомничи дека со пушка убил седум кучиња, бил повикан на разговор во полиција

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...