Жител од струшко се сомничи дека со пушка убил седум кучиња, бил повикан на разговор во полиција

-

Жител од струшкото село Ливада со иницијали М.З. (62) од струшкото село Ливада вчера бил повикан на службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека во рок од половина час (од 6:45 до 7:15 часот) вчера, 10.01.2023 г. со својата пушка усмртил седум кучиња скитници.

„Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик“, наведено е во соопштението.

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ вчера сподели видеоснимка на која се гледаат трупови на кучиња натоварени на камион и информираше дека во Струга се убиени десетици маалски бездомни кучиња.

Исто така, повеќе здруженија и активсти упатија отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во кое тврдат дека за помалку од 24 часа во Струга се убиени повеќе бездомни кучиња.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко пред да се случи овој настан најави дека ќе го реши проблемот со уличните кучиња. Тој истакна дека општината нема капацитет за отварање на Центар за нивно згрижување, но ќе превземат активности за хуман третман односно контрола на популацијата преку стерилизација и кастрација.

„Кучињата скитници се голем проблем со кој треба да се справуваме. Ние работиме во изнаоѓање на решение со тоа што ние навистина како локална самоуправа не можеме сами да се справиме со кучињата скитници. И да направиме Центар за нивно згрижување кој може тоа да го издржи“, рече Мерко.

Тој истакна дека изминативе години општината исплатила милионски суми за отштети кон нападнати жители од улични кучиња и затоа смета дека е подобро ако тие пари се дадат на институцијата која ќе се занимава со таа проблематиката.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...