Ковачевски: Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се ангажирани сите расположливи капацитети во земјава за зголемување на домашното производство на струја. При посетата на РЕК Битола, Ковачевски рече дека 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени сметки за струја и дека електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот.

„Успеавме да ги ангажираме сите расположливи капацитети во државата за зголемување на домашно производство на струја. Цената на електричната енергија не се зголемува. Економско-енергетските политики на Владата даваат резултат, сите мерки беа насочени кон задржување на ценовната стабилност на електричната енергија. Ефектите се сигурна и стабилна испорака на електрична енергија до сите во државата“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека, по неколку децении, сите производствени капацитети на струја во државата се во функција – трите блока на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и сите други помали постројки на ЕСМ.

Ковачевски рече дека РЕК Битола произведува над 60 отсто од домашното производство на електрична енергија, а плановите се годинава над 70 отсто од производството да доаѓа од термоелектраните во сопственост над државата.

Во соопштение, Владата на Република Северна Македонија извести дека во изминатото деноноќие АД ЕСМ произвело 19.629 мегаватчасови електрична енергија, со што целосно ги задоволило потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, без да набави струја од странство.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...