Коцијанчич: Парите од ЕУ не ги ставаме само на банкарските сметки на владата

-

Европската комисија досега дала помош за Македонија за изградба на капацитетите на државата на многу полиња, вклучувајќи подигнување на капацитетот на релевантните министерства и граничната служба за управување со границата, за прашања од областа на азилот и мигрантите, се вели во изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Нова“, во врска со тврдењата дека земјава не добила поддршка од Европската Унија.

– Од почетокот на кризата, ЕК исто така обезбеди дополнителна хуманитарна помош за земјата да не ги сноси сама трошоците. Поддршката за земјата во однос на активностите со мигрантите и граничното управувањето со азилантите чини речиси 50 милиони евра. Од почетокот на бегалската криза минатото лето, Комисијата досега во Македонија дала 16 милиони евра за унапредување на нејзиниот систем за гранично и за миграциско управување, конкретно во контекст на бегалската криза – вели Коцијанчич.

Портпаролката на Европската комисија вели дека правилата за тоа како Европската Унија ги троши парите на даночните обврзници се многу стриктни.

– Ние парите од ЕУ не ги ставаме само на банкарските сметки на Владата, ние поддржуваме или финансираме опрема и активности на основа на утврдените потреби. Македонија од 2007 година досега добила севкупна помош од ЕУ од 900 милиони евра – додава Коцијанчич.

Реакцијата на Европската комисија доаѓа по интервјуто на претседателот Ѓорге Иванов за германскиот весник „Билд“, во кое тој упати жестоки критики до Берлин и до Брисел за состојбата во која се наоѓа Македонија поради бегалската криза.

– Веќе потрошивме 25 милиони евра пари на нашите даночни обврзници и прогласивме кризна состојба. А што добивме од Европа? Ништо! Ниту еден цент! А сега уште мораме како земја која не е членка на ЕУ, да ја штитиме Европа од членка на ЕУ, имено Грција – рече Иванов во интервјуто за „Билд“.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...