fbpx

Џихадисти убиле дете со хемиско оружје

-

Ирачките власти тврдат дека Исламска држава извела два напади со хемиско оружје, во кои животот го загубило тригодишно девојче, а околу 600 лица се повредени.

Претставниците на безбедносните агенции и вработените во болниците велат дека најновиот напад се случил во градот Таза, кој и пред три дена бил изложен на удари на ракети полнети со хемиско оружје.

Ранетите имаат повреди на кожата, страдаат од задушување и од дехидратација. Осум лица се префрлени во Багдад на болничко лекување.

Американските и ирачките власти претходно соопштија дека американските специјални сили минатиот месец на северот на Ирак го фатиле шефот на единицата на Исламска држава која настојувала да развие хемиско оружје.

Адел Хусеин, дел од локалната власт на Таза, вели дека се чека тимот германски и американски вештаци, кои треба да го проверат присуството на хемиско оружје.

Од меѓународната коалиција што ја предводи САД велат дека ИД досега користела хлорин и слаб вид на иперит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...