fbpx

Корона вирусот го преполови бројот на патници во скопскиот јавен превоз

-

Епидемијата на корона вирусот во земјава предизвика значајно намалување на бројот на патници во скопскиот јавен превоз. Деталните пресметки за изминатиов месец допрва ќе се прават, но првичните извештаи велат дека двојно е намален бројот на граѓани што ги користат градските автобуси во Скопје, покажуваат податоците на ЈСП – Скопје.

– Генерално, бројот е намален двојно, па дури и повеќе. Бројката значително се менува, се регистрираат секојдневни опаѓања со зголемувањето на рестрикциите за движење на населението, како и врз основа на препораките за рационално користење на јавниот превоз – велат за „Мета.мк“ од ЈСП – Скопје.

Падот кај бројот на патници е резултат и на времено укинатите бесплатни годишни средношколски и студентски билети, заради прекинот на наставниот процес во земјава.

Влијанието на корона кризата врз работењето на скопскиот јавен превоз допрва ќе се пресметува, но извесно е дека финансиска штета ќе има. Финансиските извештаи за работењето на ЈСП – Скопје од минатите години покажуваат дека главен извор на приходи на ова јавно претпријатие е токму продажбата на билетите, односно превозот на патници во линискиот превоз.

Од ЈСП – Скопје потенцираат дека пресметки за остварените приходи и расходи од нивното работење веќе се прават и истите ќе продолжат да се изготвуваат во претстојниот период, но за конкретни бројки не можат да зборуваат во моментов. Ќе се земат во предвид речиси секојдневните измени во однос на функционирањето на јавниот превоз, работата на билетарниците, непредвидените неопходни трошоци за тековно одржување и реализирање на превозот и претпријатието во актуелнава ситуација, побарувањата и другите индикатори.

Градот Скопје за годинава по разни основи планира на ЈСП – Скопје да му исплати субвенции во висина од над 8,3 милиони евра. Во градскиот буџет за 2020 година се предвидени средства за потешкотии во работењето, за бесплатните билети за време на деновите со енормно загадување на воздухот, за обезбедувањето карти за студенти и пензионери, за функционирање на АВЛ и системот за интелигентна наплата и за одржување на жичарата.

Дали ќе бидат доволни овие субвенции, кои беа предвидени пред појавата на корона вирусот, засега е прерано да се каже, но сигурно е дека времетраењето на оваа криза ќе влијае на големината на предизвиканата штета во јавниот превоз во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...