fbpx

Корона кризата во април удри и по обемот на работа на градежниците

-

И градежниот сектор ги чувствува ефектите од епидемијата на коронавирусот во нашата земја. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2020 година биле издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 59,3 милиони евра, што е за 31,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 (53,2 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10,4 отсто) за објекти од нискоградба и 63 (36,4 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 173 објекти, на 93 (53,8 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 (46,2 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во текот на април 2020 година биле издадени одобренија за градење на 835 станови, со вкупна корисна површина од 62.697 метри квадратни. Околу половина од овие станови предвидено е да се градат на територијата на главниот град, при што општина Аеродром овој месец предничи со издадени градежни дозволи за изведба на вкупно 317 станови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...