fbpx

Ќе се формира Инспекторат за македонски јазик, предвидува предлог-законот за употребата на јазикот

-

Новиот предлог-закон за употребата на македонскиот јазик, за кој денеска се дебатираше во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, предвидува да биде формиран Инспекторат за македонски јазик. Оваа новина ја најави проф. д-р. Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик која кажа дека во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

„Инспекторатот ќе биде орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик. Со овој Закон ќе се прошират областите во кој задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик“, најави професорката.

Освен тоа, ќе се изработува и Национална стратегија за македонскиот јазик, за што ќе биде вклучен Советот за македонски јазик и значајни високообразовни институции.

На дискусијата во НУБ „Св. Климент Охридски“, се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која кажа дека во изминатиот период, продолжило усовршувањето на предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако процесот бил запрен во 2020 година.

„Јазикот е нашиот темел, израз на нашиот идентитет. Затоа, секој стручен влог во донесување на правната рамка за негова употреба, чување на неговите посебности е драгоцен придонес за нас самите и за нашата државност“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа кажа и дека нашата земја во функција на зголемување и подобрување на мерките за заштита на јазикот, како дел од нематеријалното (духовното) културно наследство, е потписничка и на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, донесена од УНЕСКО, во Париз. Во оваа насока, појасни таа, е и одлуката за прогласување за духовно културно наследство од особено значење од областа на јазикот на картотеките во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се регистрирани како културно наследство „екс леге“ (ex lege), а кои оваа Влада со посебен проект ги дигитализираше и трајно ги заштити.

Во Министерството за култура, меѓудругото најавуваат и дека Министерството за образование и наука ќе објави конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
lynda course free download
download samsung firmware
Free Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=