fbpx

Ќе се ажурира позитивната листа со лекови, но министерот Меџити не кажува кога

Не можеме да кажеме точен тајминг. Откако ќе аплицират фармацевтските компании, нивните апликации ќе бидат разгледани, листата ќе биде ажурирана и ќе биде составена позитивната листа на лекови, рече Меџити

-

Уште една најава за ажурирање на позитивната листа до лекови стаса денеска од министерот за здравство Фатмир Меџити, но сепак неизвесно останува кога точно тоа ќе се случи. И покрај тоа, тој на прес-конференција денеска најави дека за луѓето во здравството, за сите пациенти и граѓани денеска бил голем ден, оти дефинитивно ќе се ставело крај на проблемот со листата и дека истата ќе биде ажурирана, за да можат пациентите да добијат ефективна терапија.

„Донесен е нов правилник за ставање на лековите на позитивна листа кој се базира на европски пракси во оваа област, вклучувајќи ги и посебните договори кои ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е комисија, која ќе работи на измена и дополнување на позитивната листа на лекови и после долг верменски период ќе воспоставиме функционален систем за да се задоволат потребите на пациентите со соодветни терапии. Комисијата е составена од експерти од МЗ, од ФЗО, од Агенцијата за лекови, од Институтот за преклиничка фармакологија, како и од доктори и специјалисти од унииверзитетските клиники“, рече Меџити.

Тој кажа оти верува дека фармацевтските компании веќе ја прават потребната документација, за да можат да одговорат на барањата на правилникот.

Претседателката на стручната комиисија, д-р Љубица Шутуркова, кажа дека после 13 години повторно има можност да се ревидира листата.

„Со тоа ќе имаме поголема достапност во ограничените македонски ресурси за здравство, но иновативни лекови. Правилникот е усогласен со европските правилници. Една од новините е што овој правилник има здравствени технологии кои истражуваат одредена здравствена усслуга, при што редвид се земени и хуманистичките аспекти. Се гледа значењето на лекот од аспект на јавно здравје, релативна вредност на лекот, фармакоеконосмки аспекти, етичките аспекти за употреба на лекот“, кажа таа.

На новинарско прашање, кога ќе биде ажурирана листата со лекови, Меџити кажа дека ФЗО, по доставени материјали од министерството, ќе свикаат одбор и ќе се додадат, односно одземат лековите, по предлог на стручната комисија.

„Не можеме да кажеме точен тајминг. Откако ќе аплицират фармацевтските компании, нивните апликации ќе бидат разгледани, листата ќе биде ажурирана и ќе биде составена позитивната листа на лекови“, рече Меџити.

На прашање поврзано со лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, тој кажа дека 80 проценти од пациентите немале направено рентгенски снимки (компјутерска томографија) на Клиниката за пулмологија, па тие снимки им биле правени деновиве.

„Причината што сега им се прават снимки на овие пациенти, е што тоа е ексклузивен критериум за добивање на лекот „Трикафта“. Ќе има најмодерен центар во регинот за цистична фиброза, во болницата во Козле, каде возрасните и децата ќе бидат разделени во различни оддели“, вети Меџити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...