сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: терапија | 25 резултати

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис

септември 30, 2025

Пациенти кои се лечат од канцер на Клиниката за онкологија јавно посочуваат дека во моментов нема ниту терапија, ниту реагенси за испитување, ниту пак работат сите апарати за зрачење поради што се принудени да се снаоѓаат кој како стигне, најчесто одејќи во соседните земји. Хемотерапија нема на Клиниката за онкологија, купувам од други држави, а […]

Онколошките пациенти, освен во Скопје, ќе можат да примаат терапија во три градови, Тетово, Битола и Штип

август 12, 2025

Онколошките пациенти од внатрешноста на земјата ќе можат да примаат терапија во три градови – Тетово, Битола и Штип, како и во болницата „8 Септември“ во Скопје. Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека во здравствените центри во овие градови веќе има специјалисти онколози, но во иднина ќе се формираат цели тимови кои ќе […]

Алиу: Правиме национална стратегија за унапредување на третманот на дијабетичарите и онколошките пациенти

јули 8, 2025

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на потребната терапија, рече вчера Азир Алиу, министерот за здравство, во гостување на ТВ 24. Ова следува откако Сојузот на здруженија на дијабетичари, вчера реагира […]

Д-р Стојковски: Има застој во дистрибуцијата на онколошкиот лек „Paclitaxel“

јуни 30, 2025

Лекот „Paclitaxel“ е навреме нарачан од Клиниката за онкологија, но има застој во дистрибуцијата и најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от, информира за Мета проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија, по […]

Доцни испораката на инсулин и антидијабетска терапија

април 4, 2025

Доцни испораката на инсулини и антидијабетична терапија по инсулинските аптеки, објави Сојузот на здруженија на дијабетичари и побара итно Министерството за здравство и Владата да им ја обезбедат терапијата. Претседателотна Сојузот, Диме Велев, за Мета.мк вели дека во моментов со овој проблем се засегнати околу 2.000 дијабетичари. „Минатата недела со проблемот бевме засегнати околу 400-500 […]

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

јануари 22, 2025

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ), а ова е зголемување за 92,8 отсто во однос на претходниот месец ноември, пишува во […]

Расте бројот на ХИВ позитивни пациенти, а се намалува буџетот за лекови и превенција

ноември 6, 2024

Во земјава секоја година со ХИВ заболуваат 46 лица, а 440 во моментов се на терапија. Овие пациенти се незадоволни поради непредвидување на минимум неопходните средства за лекување и за превенција во Програмата за заштита на населението од ХИВ- инфекција во буџетот за 2025 година. Ова денеска го истакна Андреј Сених oд здружението „Заедно посилни“, […]

Хартијата мора да се тргне, упатите да се креираат електронски, бара Здружението на приватни лекари

јули 11, 2024

Во здравството треба хартијата да се тргне и да се оди сè повеќе кон електронско здравство. Ние бараме од надлежните, на пример, да можеме да искреираме упат кој нема да мора да се печати. Мора да се поедностават работите и за лекарите и за пациентите. Ова за Мета го вели Лилија Чолакова Дервишова од Здружението […]

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

февруари 2, 2024

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни […]

Нино Васев беше ослободен од вина за случај од 2021 година, а не за скандалот со лекови на Онкологија

декември 26, 2023

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, доби ослободителна пресуда во врска со друг случај кој се водеше против него од 2021 година, а по тужба на роднини на починат пациент кои го обвинија за несовесно работење. Оваа пресуда нема никаква врска со скандалот со терапијата на Онкологија што го отворија медиумите, за кој […]

Објавата на новинарот Иванов за протестите за Онкологија е извадена од контекст

септември 11, 2023

Објавата на Зоран Иванов воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Дијабетичарите ја добија терапијата, ќе има и сензори за мерење гликемија за децата

август 18, 2023

Терапијата за дијабетичарите им е веќе на располагање, тоа е она што го баравме, изјавил денеска за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев. Ова следува по низата реакции на дијабетичарите дека им доцни терапијата која им е неопходна. „Заклучно со денеска, комплет ја пуштаат целата антидијабетна, заедно со новите терапии, не […]

Ќе се ажурира позитивната листа со лекови, но министерот Меџити не кажува кога

август 1, 2023

Уште една најава за ажурирање на позитивната листа до лекови стаса денеска од министерот за здравство Фатмир Меџити, но сепак неизвесно останува кога точно тоа ќе се случи. И покрај тоа, тој на прес-конференција денеска најави дека за луѓето во здравството, за сите пациенти и граѓани денеска бил голем ден, оти дефинитивно ќе се ставело […]

Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести, велат од Лекарска комора

ноември 7, 2021

„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Хередитарен ангиоедем се јавува поради мутација […]

Фајзер: Експериментална пилула против ковид-19 ги намалува смртните случаи и хоспитализациите за 90 отсто

ноември 5, 2021

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека експерименталната пилула против ковид-19 што ја развива ги намалува за 90 отсто стапките на хоспитализација и смрт кај возрасните со висок ризик, јави АП. Во моментот голем број истражувачи низ светот се обидуваат да создадат пилула против ковид-19 што би можела да се пие како и други лекови, дома, […]

Нов третман со комбинација на лекови ги уништува туморите на ракот на главата и вратот

октомври 12, 2021

Нов третман за рак може да ги уништи туморите кај пациенти со рак на главата и вратот во терминална состојба, открија британските научници, јави Гардијан. Значајна студија на научниците од Институтот за истражување на ракот (ИЦР) од Лондон и Кралска Марсден Траст Фондација на НХС покажа дека коктел од лекови за имунотерапија го зајакнуваа имунолошкиот […]

Пановски: Правилно се користат антибиотиците во лечењето пациенти во ковид-центрите

ноември 30, 2020

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, како и целокупниот медицински персонал во ковид-центрите во Скопје, се заблагодаруваат на д-р Никола Пановски, универзитетскиот професор по микробилогија, голем и докажан стручњак во областа за тоа што ја прифати поканата да ги посети ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар, информираат во Министерството за здравство. Во стручното […]

Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

април 28, 2020

Израелска компанија откри лек кој се покажа 100 отсто ефикасен против Ковид-19… Ова е уште една од неточните информации што кружат последниве денови – терапијата со  клетки PLX навистина е тестирана кај пациенти со Ковид-19, но сè уште не е одобрена како 100 отсто ефикасен третман против болеста, пишува Порталб.мк. Веста беше објавена од неколку […]

Не се пронајдени лекови што лекуваат од Ковид-19 за 48 часа или за 72 часа

април 10, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

ноември 5, 2019

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство. „Воведена е новина за двојно читање на мамографските […]

Страна 1 од 2