fbpx

Oд „Анима Мунди“ се сомневаат дека коњите во скопската Зоолошка се отруени од вработени?

Досега официјалното раководство се нема произнесено за ништо, што е рамно на скандал. Не реагиравме вчера со цел да добиеме појасна слика за она што се случило. Добивме индиции за тоа дека во ЗОО Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните, велат од Анима Мунди

-

Згрозени, но не и изненадени од трагичната смрт на трите копитари во Зоолошка градинка Скопје и овој пат не би изостанале од осуда кон оваа институција која што низ годините единствено што докажа е некомпетентност да одржува во живот животни чие место не е зад решетки, реагираат од Здружението „Анима Мунди“ откако три коњи за само два дена угинаа во скопската Зоолошка градина. Станува збор за Пржевалскиеви коњи, исклучително ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија, а пред да бидат донесени во Скопје, пред десетина години, живееле во австриски национален парк.

„Неприфатливо е исклучително ретки животни на раб на истребување, да завршат во субстандардна зоолошка во Македонија – која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – и да умрат едно по едно во ист ден. Досега официјалното раководство се нема произнесено за ништо, што е рамно на скандал. Не реагиравме вчера со цел да добиеме појасна слика за она што се случило. Добивме индиции за тоа дека во ЗОО Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните. Повторуваме, се укажува на можноста вработени поединци сами намерно да одлучиле да ги убијат“, велат од „Анима Мунди“.

Здружението бара итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, а aко изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството.
Тие бараат информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, итна надворешна и независна истрага и аутопсија која не би можела да биде лажирана.

„Го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија! Бараме мораториум на внес на нови животни“, велат од здружението.

Угина и третиот коњ од скопската зоолошка, донација од австриски национален парк

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...