Кинескиот пазар ќе се приближува на македонските компании

Стопанската комора на Македонија ќе учествува на состанок на Деловниот совет на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа утре (20 април) во Катовице, Полска, за време на седмиот Европски економски конгрес. Целта е приближување на кинескиот пазар на македонските комании.

„Клучната цел на Деловниот совет е да ја поттикне економската соработка меѓу Кина и земјите од Централна и од Источна Европа, особено во делот на заеднички инвестиции, трговска размена и на технолошка соработка, како и во делот на трговијата меѓу сите учесници кои се дел од советот“, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Преку Деловниот совет, Стопанската комора на Македонија во 2015 година ќе има цел да воспостави врски и да ја подобри економската соработка меѓу претпријатијата, стопанските комори и другите јавни и приватни организации од деловниот сектор на Кина.