fbpx

Катедралата Нотр Дам во Париз делумно уништена во пожар

-

Во голем пожар кој изби вчера околу 18:30 часот, познатата катедрала Нотр Дам во Париз доживеа огромни оштетувања, откако куполата и покривот се урнаа. Сепак, спасен е огромен дел од градбата.

Пожарот беше ставен под контрола во 3 часот утрово, по речиси деветчасовната борба со огнената стихија, соопшти противпожарна служба на Париз. Илјадници луѓе ја набљудуваа борбата на пожарникарите со пожарот, а според некои сведочења, жештината се чувстувала и на речиси 100 метри од катедралата.

Огнот, кој се случи веднаш откако катедралата беше затворена за посетители, брзо се распламти, а покрај погореспоменатите штети, пожарникарите спречија понатамошни оштетувања на готското здание старо 850 години. Сепак, настрадаа витражите и внатрешната дрвена структура.

Францускиот претседател Макрон вети дека катедралата ќе биде обновена и дека „најлошото поминало”. Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот, иако засега се знае дека најверојатно тој не бил подметнат. Според сегашните претпоставки, можно е причината за избувнуваањето на огнот да се реноваторските работи што сега се вршат во катедралата, која покрај Ајфеловата кула, е најпознатото обележје на Париз и била сведок на многу настани во долгата историја на францускиот главен град.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...