fbpx

Времето променливо облачно, со сончеви периоди

-

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движеше од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 9 и 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање.

За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...