КAM не доделува награди ако го напишете вашиот месец на раѓање

-

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет. Страницата од која се споделува лажната наградна игра – Кам Маркет Фанс, не е официјална страница на КАМ, туку таа е наменски креирана со цел да се шири оваа измама. Од официјалната Фејсбук страница на КАМ стигна и  демант дека не се работи за нивна наградна игра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува наводна наградна игра на ланецот маркети КАМ во С. Македонија. Во постот се вели:

Здраво! Сите наши лојални клиенти минуваат низ тешки времиња, па затоа за неколку дена ќе направиме нешто посебно.
Изберете го вашиот месец на раѓање и ќе добиете подароци врз основа на вашиот месец на раѓање. направете го тоа со храброст!
🎊Јануари️✍️
🎊февруари️✍️
🎊Март ️✍️
🎊Април️✍️
🎊 Мај ️✍️
🎊Јуни ️✍️
🎊Јули ️✍️
🎊Август ️✍️
🎊Септември️✍️
🎊Октомври️✍️
🎊Ноември ️✍️
🎊Декември️✍️

Подоле во коментарите, на следбениците на оваа објава им се даваат дополнителни инструкции:

1. Лајкнете ја нашата страница
2. Споделете ја оваа објава со вашите групи или пријатели
3. Доколку имате среќа, нашиот тим ќе ви испрати приватна порака. Проверете ја нашата порака сега!!!

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет.

Страницата од која се споделува лажната наградна игра Кам Маркет Фанс не е официјалната страница на КАМ, туку таа е наменски креирана со цел да се шири лажната наградна игра. Страницата има 29 допаѓања и 31 следбеник, но постот е исклучително вирален со 339 споделувања. Самиот пост има 93 допаѓања и 174 коментари до моментот на пишувањето на оваа рецензија.

Како дополнителен елемент којшто е невистинит се и неколку фотографии кои се поставени за да се сугерира дека се работи наводно за реална и веродостојна наградна игра, иако тоа не е случај.

Официјалната страница на КАМ на Фејсбук има над 290 илјади допаѓања, секојдневно рекламирање на активностите, понудата, попустите во продавниците од ланецот маркети, како и официјални податоци за контакт и адреса на фирмата.

Токму од оваа страница стигна и официјалниот демант дека не се работи за нивна наградна игра.

Почитувани потрошувачи,
на социјалните мрежи сe појави лажна наградна игра која не е организирана од КАМ, ниту има некаква поврзаност со нашата компанија.
За да бидете сигурни дека сте на вистинската страница на брендот, барајте ја т.н. 👉 СИНА ЗНАЧКА ☑️ до името, која потврдува дека се работи за оригиналната страница и гарантира дека истата е верифицирана и припаѓа на соодветниот бренд.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме е невистинит. Станува збор за злоупотреба на брендот на КАМ маркетите за лажна наградна игра, a со цел да се приберат лични податоци од страна на потрошувачите под измамничко ветување дека така ќе добијат награда.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...