Санкциите на Европската унија кон Русија треба да бидат продолжени уште шест месеци, оцени денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Јункер го изрази својот став пред почетокот на последната годинешна седница на Европски совет, на кој ќе се разговара за санкциите кон Москва.
На средбата, исто така, ќе биде разговарано и за заштита на надворешните граници на Унија, а Јункер изрази уверување дека ќе биде постигнат договор за воведување постојани контроли на сите што минуваат низ надворешните граници на ЕУ.
Доколку не се постигне договор, според Јункер, неизбежно е затворањето на границите.