Јуанот ќе биде нова резервна валута на ММФ

-

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека кинескиот јуан ќе влезе во „друштвото“ на водечките светски валути, јавува агенцијата АП. Тоа значи дека јуанот официјално ќе стане резервна валута на оваа светска организација.

ММФ објави дека јуанот ги исполнил сите постојни критериуми за да се придружи на американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и на британската фунта, кои 188 земји-членки на фондот ги користат како стандард во меѓународната трговија.

Шефицата на ММФ, Кристин Лагард, која и претходно го предложила овој потег, оцени дека на овој начин финансискиот систем ќе добие поддршка, како и пораст и стабилност на Кина и на глобалната економија.

Кина е втора најголема светска економија. Трговците со валути и економистите велат дека овој потег треба да ја поттикне владата во Пекинг да го исполни ветувањето за „слободна трговија“ на јуанот и за отворање на својот финансиски систем.

Одлуката на ММФ стапува на сила во октомври следната година.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...