понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: валута | 12 резултати

Франција не ги принудува африканските земји да плаќаат колонијален данок

јули 21, 2023

Тврдењето дека Франција принудува 14 африкански земји да плаќаат колонијални даноци, е неточно. Овие земји се членки на монетарната унија која ја користи валутата ЦФА франк. Учеството на 14-те земји во валутата и монетарната унија е доброволно, а во 2019 година беше отстранет и условот за чување на половина од девизните резерви на овие земји […]

Русија не го прогласи доларот за невалидно платежно средство

февруари 14, 2023

Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку,  во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, […]

Во Хрватска дојде еврото, трговците ги кренаа цените

јануари 4, 2023

Вчерашниот, трет ден откако во Хрватска беше воведено еврото и земјата стана најновата – 20-та – членка на Еврозоната, беше одбележан со револт и бес поради покачувањето на цените во малопродажбата, предизвикано исклучиво од преминувањето на старата куна на новата, европската, валута, извести „ЕУРактив“. Вчера голем број граѓани реагирале на покачувањето на цените во малопродажбата […]

Јапонија го прифати биткоинот како средство за плаќање

април 3, 2017

Криптовалутите, од кои најпознат е биткоинот, од вчера се официјално средство за плаќање во Јапонија. Парламентот на Јапонија вчера изгласа закон за валутна регулација, во кој стои дека криптовалутата има функција на валута во Јапонија, но дека официјална парична единица е само јенот. За редица прашања што оваа измена ги отвора засега нема одговор. Тие […]

Еврозоната нема наскоро да прима нови членки

декември 28, 2015

Еврозоната во наредните неколку години нема да се шири, односно да прима нови членки, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис. – Во следните години не треба да се очекува проширување на еврозоната – изјави Домбровскис за германскиот весник „Ди велт“ (Die Welt), кој е европски комесар задолжен за еврото. Од 28 членки на […]

Германците имаат милијарди од некогашната валута марка

декември 16, 2015

Германците сè уште имаат милијарди некогашни марки и повремено ги заменуваат за евра. Годинава од оптек се повлечени 98,7 милиони германски марки. Многу години по воведувањето на еврото, некои Германци се носталгични спрема својата некогашна валута, а некои заборавиле дека чуваат марки. Анкетата покажува дека 54 проценти од Германците имаат уште стари пари дома. Нивната […]

Јуанот ќе биде нова резервна валута на ММФ

декември 1, 2015

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека кинескиот јуан ќе влезе во „друштвото“ на водечките светски валути, јавува агенцијата АП. Тоа значи дека јуанот официјално ќе стане резервна валута на оваа светска организација. ММФ објави дека јуанот ги исполнил сите постојни критериуми за да се придружи на американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и на британската фунта, кои 188 земји-членки на […]

Јуанот ослабе за уште 1,12 отсто

август 13, 2015

Операцијата за коригирање на јуанот е завршена, изјави портпаролот на Народната банка на Кина, откако кинеската валута денеска ослабе за уште 1,12 отсто, на 6,40 јуана за еден долар, што е најниска вредност на оваа валута од август 2011 година. Кинеската централна банка во вторникот го симна курсот на јуанот за 1,9 отсто на 6,2298 […]

Страна 1 од 1