fbpx

Извештај на вештак ќе ја открие вистината за газдата на „Фиком“

-

Завршена е обдукцијата над телото на Никола Николиќ, сопственикот на „Фиком“, кој вчера беше најден обесен во затворот во Штип. Телото е транспортирано на градските гробишта во Бутел, во Скопје.

Од штипската болница велат дека првичниот наод е испратен до Јавното обвинителство. Меѓутоа, основниот јавен обвинител Ристе Бојаџиев изјави дека се чека комлетниот патолошки извештај. Според Бојаџиев, вообичаено овој извештај го работи патолог, како вешто лице. Извештајот ќе биде готов најрано за десетина дена. Дури потоа ќе може да се каже дали се оправдани сомнежите или Николиќ навистина се самоубил.

Неофицијално, за телото на Николиќ вчера никој не се заинтересирал да го транспортира. Неговата сопруга, од која е разведен, е во затвор во Идризво. Николиќ имал пет деца.

Никола Николиќ беше обвинет и осуден на затворска казна од 25 години и 2 месеца за случајот „Фиком“, кога еден стан бил продаван на повеќе лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...