fbpx

Извештајот од ЕК генерално позитивен, но со суштински забелешки

-

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2019 година, е најпозитивниот досега, со големи пофалби на реформите, но сепак има и бројни посочување на областите на коишто треба уште да се работи.

Посочувајќи дека Северна Македонија продолжила со сигурно темпо да ги спроведува ЕУ реформите и да ги зајакнува демократијата и владеењето на законот, се наведува и дека фундаменталните промени се правени во инклузивна и отворена политичка атмосфера.

„Земјата продолжи да испорачува опипливи резултати во клучните области наведени во Заклучоците на Советот, како правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите на разузнавачките служби и јавната администрација. Културата на компромис на политичката сцена се подобри од владините напори да посегне кон сите чинители, вклучувајќи ги тука опозицијата и граѓанското општество, во инклузивен и транспарентен манир“ се вели во сижето за извештајот.

Напредок на политичкиот систем

За Собранието се вели дека ги подобрило своите перформанси како форум за конструктивен политички дијалог и ги засилило своите надгледни и законодавни функции, вклучувајќи го тука и лимитирањето на донесување закони по забрзана постапка.

Позитивно се оценува и климата за граѓанските организации, односно нејзино подобрување и дека се усвоени стратешки документи за соработка на владата и граѓанското општество.

Кога станува збор за посебните реформски области, извештајот на ЕК вели дека со реформата на разузнавачките служби е направен добар напредок и дека функционира Оперативната техничка агенција, а е оформена и правната рамка за новата Национална безбедносна агенција.

Но кога станува збор за реформата на јавната администрација, оценката не е толку ласкава, бидејќи подготвеноста на Македонија се оценува како умерена. Посочувајќи на спроведувањето на стратешката рамка за реформа на администрацијата и зголемени јавни консултации, извештајот на ЕК за 2019 година посочува дека се потребни понатамошни напори за да се засили отчетноста на администрацијата и за да се спречи нејзина политизација.

Потребни се нови напори за правосудството и борбата против корупцијата

И за правосудниот систем се посочува дека постигнал одредено ниво на подготвеност, односно дека тој е умерено подготвен. Се напоменува дека е направен прогрес во однос на Итните реформски приоритети и на препораките од Венециската комисија и Групата високи експерти за систематско владдење на правото.
„Настрана од правните измени, сите правосудни институции треба да бидат за пример и да придонесуваат, преку дополнителни напори, за враќање на довербата на јавноста во правосудството.

Во однос на борбата против корупцијата, извештајот вели дека Северна Македонија има одредено ниво на подготвеност и дека е направен напредок со новата правна рамка за борба против корупцијата. Сепак, се посочува дека корупцијата е широко распространета на многу нивоа и останува причина за загриженост.

„Властите мора и понатаму да ги засилат напорите за да докажат дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на власта“, се вели во извештајот.

Се посочува и дека изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата бил потранспарентен отколку претходно и дека Комисијата презела важни чекори за проактивна борба против корупцијата, вклучувајќи тука високи претставници од  политичкиот спектар. За Специјалното јавно обвинителство се напоменува дека ја потврдило својата водечка улога во истражување и гонење на случаи на корупција од високо ниво.

Во поглед на борбата против организираниот криминал, се вели земјата е на одредено ниво на подготвеност и дека правната рамка е генерално земено во линија со европските стандарди.

Заштитата на основните права со благ напредок

Правната рамка за заштита на основните права е генерално во линија со европските стандарди и дека е постигнат добар напредок, со зголемување на заштитата од криминал од омраза и од дискриминацијата, со измени на Кривичниот законик и усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Се наведува дека е спроведена амбициозна стратегија за деинституционализација и заложбите за борба против насилството врз жените се формулирани во Акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција.

Сепак, во областа на заштитата на основните права, извештајот има многу забелешки. Така, се наведува дека не е целосно оперативен надворешниот надзорен механизам за полицијата и земјата треба дополнително да ја засилува примената на алтернативните санкции и пробацијата.

„Земјата исто така мора да направи дополнителни напори за постојано споделување и спроведување на препораките на европските и меѓународните тела за човекови права, посебно во однос на третманот на притворените лица, жените и лицата со предизвици“, стои во извештајот.

Функционерите да бидат потолерантни на критики

Во однос на слободата на изразување се вели дека земјата е умерено подготвена, но во текот на изминатата година постигнала добар напредок.

„Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување продолжува да се подобрува. Важно е јавните функционери и политичките елити да демонстрираат повисоко ниво на толеранција кон критиките, со тоа поддржувајќи ја слободата на изразување. Земјата мора да прави постојани напори да се подобрат независноста и професионалните стандарди на јавниот дифузер, како и неговата финансиска одржливост.

Негативна оценка за јавното трошење

Во однос на економските критериуми, извештајот на ЕК за земјава за 2019 година кажува дека е направен напредок и дека има солидно ниво на подготвеност за развивање на функционална пазарна економија. Но тука има и голема забелешка за составот на јавното трошење.

„Економскиот развој продолжи по една година стагнација, иако инвестициите се на релативно ниско ниво. Владата презеде мерки за подобрување на управувањето со јавните финансии и транспарентноста. Презеде реформи на оданочувањето и пензискиот систем.

Сепак, составот на трошењето се влоши а фискалната консолидација мора да биде поамбициозна, за да се постават јавните финансии на одржлива патека“, стои во извештајот, во кој се вели дека состојбата со деловните правосудни спорови и големата неформална економија остануваат предизвик за бизнисот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...