Изменет режим на јавен превоз поради Министерскиот самит во Скопје

Јавниот превоз ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното, информираат од ЈСП Скопје

-

Поради одржување на Министерскиот самит на ОБСЕ, јавниот превоз ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното, информираат од ЈСП Скопје.

В петок јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

Утре сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток за сите ќе биде неработен ден.

Почнувајќи од утре, од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот самит на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А
• од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59
• наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118
• од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...