Избрани и наградени најдобрите средношколци на натпреварот на средните училишта во Скопје

Извор на фотографија: Град Скопје

Во Градскиот парк на Школка денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов им ги врачи наградите и благодарниците на највисоко рангираните средношколци и на нивните ментори, а беа доделени и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата и асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари, информира Град Скопје.

„Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните здруженија и до вас учениците што партиципирате во оваа успешна приказна. Вашата сила ученици најмногу лежи во вашето знаење и во вашето познавање. Продолжете по тој пат“, изјави градоначалникот Шилегов.

Традиционалниот проект „Училиштето – место за натпревар во знаење“ е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2021 година. Соработката со здруженијата е остварена преку потпишување на Меморандуми за соработка помеѓу Град Скопје и секое здружение поединечно. Поддршката е наменета за учениците, средните училишта на подрачјето на Град Скопје и здруженијата кои се учесници на натпреварите на локално ниво за повеќе наставни предмети.

Оваа година согласно актуелната состојба и согласно сите пропишани протоколи, се реализираа 7 скопски регионални натпревари по: математика, географија, информатика, биологија, француски јазик и англиски јазик.

Како победници на натпреварот од средните училишта во Градот Скопје, на натпреварот по англиски јазик се: Ана Даневска од СУГС Д-р Панче Караѓозов, Анастасија Бошковска од ДСУ Лазар Личеновски и Миа Цекиќ од СУГС Раде Јовчевски – Корчагин.

Најдобро рангирани на натпреварот по хемија се: Емилија Николовска од ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Филип Бојаџиевски од СУГС Орце Николов, Дарко Стојчев од СУГС Јосип Броз-Тито и Михаил Трајков од ПСУ Јахја Кемал.

Средношколците кои годинава победија на натпреварот по математика се: Милијана Стојановиќ од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, Матеј Гелев од ПСУ Јахја Кемал, Марија Атанасова од ПСУ Јахја Кемал, Јан Стојановски од ПСУ Јахја Кемал, Никола Цветановски од ПСУ Јахја Кемал, Дрин Салиу од ПСУ Јахја Кемал, Стефанија Јовчевска од ПСУ Алгоритам, Никола Спировски од ПСУ Јахја Кемал, Давид Ставров од ПСУ Алгоритам, Теодора Пандова од СУГС Орце Николов, Јосиф Тренчовски од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин и Лука Грашковски од ПСУ НОВА.

Во натпреварот по информатика, меѓу скопските средношколци за најдобри се избрани: Марко Стефанов од ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Софија Велковска од ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Никола Цветаноски од ПСУ Јахја Кемал Колеџ, Тео Китановски од ПСУ Јахја Кемал Колеџ, Иван Занов од СУГС Орце Николов, Филип Бојаџиевски од СУГС Орце Николов, Благојче Павлески од ПСУ Јахја Кемал Колеџ, Марко Танески од ПСУ НОВА, Кристина Тасева од ПСУ Јахја Кемал Колеџ, Андреј Шеќеров од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, Владимир Шарковски од ПСУ Јахја Кемал Колеџ и Никола Петровски од СУГС Орце Николов.

Највисоко рангирани средношколци на натпреварот по француски јазик се: Бранка Јосифовска од СУГС Георги Димитров, Андреа Поп Ангелова од СУГС Орце Николов, Јована Ангеловска од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, Ангела Деленикова од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин и Деа Јадровска од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин.

На натпреварот по биологија, највисоко рангирани меѓу скопските средношколци се: Стефан Боцевски од ПСУ Алгоритам Центар, Јана Бундалеска од СУГС Орце Николов, Елена Муратовска од Д-р Панче Караѓозов, Зоран Михаилов од СУГС Орце Николов, Инес  Негриеска од ПСУ Јахја Кемал, Васил Кузмановски од СУГС Орце Николов, Андреј Петковски од СУГС Никола Карев, Павлина Козарева од СУГС Јосип Броз-Тито, Евгенија Ристова од СУГС Д-р Панче Караѓозов, Борис Ночески од ПСУ Јахја Кемал, Славјана Иваноска од СУГС Раде Јовчевски- Корчагин, Јане Јанев од ПСУ Јахја Кемал, Катерина Краљевска од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин, Евгенија Георгиевска од СУГС Орце Николов, Филип Петровски од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин, Ангела Јакимовска од ПСУ Алгоритам Центар, Тијана Петровска од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин и Христина Стојанова од СУГС Марија Кири-Склодовска.

На натпреварот по географија, најдобар резултат остварија: Димитриј Анѓеловски од  ПСУ Американска гимназија, Сара Тошева од ПСУ Американска гимназија, Вероника Гијовска од ПСУ Американска гимназија, Јована Петровска од СУГС Васил Антевски-Дрен и Стефан Ѓорѓијевски од СУГС Васил Антевски-Дрен.