fbpx

Избори во Баварија: Демохристијаните влегуваат во осмата деценија на владеење

ЦСУ со оваа покраина раководи во последните 77 години само со еден прекин во средината на 1950-тите години

-

Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) како сестринска партија на ЦДУ во германската покраина Баварија е пред нова победа на претстојните избори што ќе се одржат на 8 октомври годинава. ЦСУ со оваа покраина раководи во последните 77 години само со еден прекин во средината на 1950-тите години, пишува германската новинска агенција ДПА.

Покраинскиот премиер на ЦСУ Маркус Зедер убедливо води на анкетите пред изборите, вклучувајќи ја и последната спроведена од Аугсбургер алгемајне и Шпигел.

Поддршката на ЦСУ е убедливи 36 отсто од гласачите во германската покраина која брои 13 милиони жители. Сепак, оваа поддршка е намалена за два проценти откако сојузникот на Зедер од десничарските Слободни избирачи, Хуберт Ајвангер беше вклучен во скандал, во кој се тврди дека како ученик тој делел антисемитски летоци.

Слободните избирачи засега ја задржуваат својата поддршка од 12 отсто пред одржувањето на изборите. Сепак, десничарската Алтернатива за Германија (АФД) ја зголемила својата поддршка на 17 отсто од анкетираните лица.

Со најновата анкета, АФД се искачи по популарноста и пред партијата на Зелените, кои во Баварија сега имаат поддршка од 15 отсто. Речиси е сигурно дека Зелените ќе останат во опозиција во оваа покраина, заедно со социјалдемократита на канцеларот Олаф Шолц, кои имаат поддршка од само 10 отсто. Либералната партија ФДП и Левица имаат 4 отсто поддршка од гласачите, односно имаат еден процент помалку за влез во покраинскиот парламент и останува да се чека денот на гласањето на 8 октомври за да се утврди дали ќе влезат со свои претставници во законодавниот дом.

Инаку, ЦСУ самостојно настапува на изборите во Баварија, а демохристијаните во останатите 15 покраини настапуваат како Христијанско-демократска унија ЦДУ. На изборите за Бундестагот, ЦДУ и ЦСУ настапуваат заеднички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...