fbpx

Иванов: Секое одложување на изборите влијае на предизвиците

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, прашан за влијанието на политичката криза врз капацитетот на државата за справување со мигрантската криза, одговори дека неопходно е институциите да функционираат за Македонија да се справи со предизвиците што ја очекуваат, особено во контекст на мигрантската криза.

– Политичките лидери во Македонија презедоа одговорност за справување со политичката криза, ги ставија своите потписи на документот што мора тие да го реализираат. Секое одложување влијае и на нашето справување со предизвиците што нè очекуваат. Нам ни е неопходно да се почитува договорот и датумите во тој договор за да можеме да имаме влада со чист политички мандат, што мора да се справува со овие, пред сè, безбедносни ризици. Неопходни ни се институциите да функционираат, бидејќи во меѓувреме доаѓа и менување на законите – рече Иванов, кој синоќа учествуваше на работната вечера што ја организираше претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, на која требаше да се расправа за мигрантската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...