fbpx

Италија ќе издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ

Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони

-

Италијанската влада најави дека планира до крајот на 2025 година да издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ, известува Телеграф. Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони.

Оваа година веќе се издадени преку 80.000 работни дозволи за странски работници, а во план се уште 40.000 работни дозволи до крајот на годината, поради недостигот на работници во неколку сектори, а пред сè во туризмот и градежништвото. Секоја година постепено ќе се зголемува бројот на издадени работни дозволи, со 165.000 издадени дозволи во план за 2025. Пред пандемијата, Италија издавала помалку од 31.000 дозволи годишно.

Најголем е недостигот на рибари, водоводџии, медицински техничари, возачи на автобуси, механичари и градежни работници. Одреден број дозволи ќе бидат резервирани за државјани на земји што потпишале договори за борба против нелегалната миграција.

Овие политики делуваат изненадувачки за тие што ги следат политиките на десничарската влада на Мелони во врска со мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...