четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: недостиг | 36 резултати

АНАЛИЗА: Увозот на работна сила – меч со две острици

28 март 2023

Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски […]

Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]

1 март 2023

Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до […]

Вистиномер: Смртта на говедата во Канзас нема никаква врска со некаков глобален проект за недостиг на храна

1 јули 2022

Со 2,4 милиони говеда, Канзас е трета по големина американска држава во однос на бројност на стадата. Минатата недела температурата нагло пораснала, а студените ветрови стивнале, што придонело животните да почнат да умираат, пишуваат американските медиуми. Така што, климатските промени се тие кои влијаат врз животот на луѓето и на добитокот, а не намерно запрашување […]

Порталб: Во Тетово нема вода, Општината не го реши проблемот – граѓаните подготвуваат тужби

3 август 2021

Центарот на Тетово и некои градски населби, веќе неколку денови се соочуваат со недостиг и повремени прекини на снабдување со вода. Истото го потврдија и од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово на нивната Фејсбук страница, при што велат дека работат на проблемот, но вода сé уште нема, пишува Порталб.мк. Недостигот на вода ги фрустрира граѓаните […]

Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]

25 јуни 2021

Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би […]

ПОЦ со три нови паркиралишта во Центар, во Карпош сè уште се чека на зонско паркирање

5 октомври 2020

Хроничниот проблем со недостиг на паркинг места во главниот град се решава на различен начин низ скопските општини. Двете јавни претпријатија кои управуваат со паркинзите во Скопје веќе подолг период регистрираат поголем број на издадени бесплатни дозволи за паркирање од бројот на паркинг места со коишто тие располагаат. Ситуацијата е најкритична во центарот на Скопје, […]

Вистиномер: Исмевање и невистини за маските искористени за кампања против нивната употреба

1 октомври 2020

Невистина, составена од неточни податоци поврзани со носењето маски и од фотографија/плакат или „меме“, кое има основна намена да се исмева со заштитните маски, но во случајот на овој пост, се разбира, како вистина, е објавен неодамна на македонски јазик и е искористен како дел од кампања што се разви против носењето и корисноста на […]

За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик)

25 јули 2020

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. […]

Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)

21 јули 2020

Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова […]

Ситуацијата со корона вирусот во Куманово е под контрола, но има недостиг на медицински персонал

10 април 2020

Во Куманово во текот на последните три дена беа забележани две нови жртви со дијагностициран корона вирус. Во завчерашните податоци на Министерството за здравство, беше објавено дека 73-годишен пациент кој починал, бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје и истиот имал симптоми на болест и коморбидитет. Во меѓувреме, завчера попладне, почина и 27-годишната […]

Чулев: Пасоши ќе добијат граѓаните кои закажале по итна постапка и за здравствени цели

18 февруари 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција информираше дека МВР располага само со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи. Пасоши ќе добијат околу 650 лица кои што аплицирале за добивање на патна исправа по итна постапка, а останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи. Чулев информираше дека досега во […]

ПОЦ ќе уреди нов паркинг кај Зелен пазар – постигнат договор со пазарџиите

14 февруари 2020

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) во март ќе го уреди постојниот „див паркинг“ зад Зелениот пазар за да се ослободи простор за паркирање за корисниците и продавачите на ова пазарче, информираат од ПОЦ. Станува збор за изведба на ново паркиралиште со систем за контрола преку влезно-излезни рампи. Еден дел од паркингот ќе биде наменет […]

Заврши анкетата за паркирање во Карпош 1, нема најава за изградба на нови паркинзи

5 февруари 2020

Анкетирањето на граѓаните од населбите Карпош 1 и 2 за нивниот став за воведување на зонското паркирање трае веќе една недела. Во Карпош 1 заврши анкетирањето и податоци за ставот на жителите беа собрани од околу 1.500 домаќинства. Од Општина Карпош за „Мета.мк“ велат дека од денеска започнува анкетирањето на граѓаните од Карпош 2 и […]

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

17 јануари 2020

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат […]

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

14 јануари 2020

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а […]

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

13 јануари 2020

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат […]

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

5 јануари 2020

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз […]

Патнички возови сѐ помалку, министерството вели секоја година давало доволно средства (инфографик)

15 декември 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина ќе добие 430 милиони денари за покривање на загубите од патничкиот железнички сообраќај во 2020 година, но ваквите субвенции нема да бидат единствените што ќе ги добијат за редовно сообраќање на патничките возови. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ потенцираат дека со секој ребаланс на државниот буџет […]

Нема анализа колку паркинг места му фалат на Скопје

4 декември 2019

Градот Скопје активно го следи проблемот за недостигот на паркинг места низ главниот град, но досега немаат направено анализа за тоа колку места за паркирање недостасуваат во Скопје иако скопскиот градоначалник Петре Шилегов пролетва изјави дека на главниот град му недостигаат околу 8.000 паркинг места. Градските власти изработиле физибилити сообраќајна студија за паркирањето на подрачјето […]

На Скопје му фалат 8.000 паркинг места, а „Градски паркинг“ нема пари за нови гаражи

18 ноември 2019

На Скопје во моментов му недостигаат околу 8.000 паркинг места за да го реши проблемот со паркирањето на возилата, но ЈП „Градски паркинг“ нема доволно финансии за да инвестира во изградба на монтажни или катни гаражи со кои би се надминал ваквиот недостиг. – ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со моменталниот ценовник на услуги не […]

Страна 1 од 2