Порталб: Во Тетово нема вода, Општината не го реши проблемот – граѓаните подготвуваат тужби

-

Центарот на Тетово и некои градски населби, веќе неколку денови се соочуваат со недостиг и повремени прекини на снабдување со вода. Истото го потврдија и од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово на нивната Фејсбук страница, при што велат дека работат на проблемот, но вода сé уште нема, пишува Порталб.мк.

Недостигот на вода ги фрустрира граѓаните затоа што сме среде лето, а температурите во последните денови достигнуваат и над четириесет степени. Новинарот на Порталб.мк анкетираше граѓани на Тетово, кои рекоа дека немаат вода и дека виновна за ова е Општина Тетово, која не го решава трајно проблемот.

Завчера новинарот на Порталб.мк беше на терен да ги анкетира граѓаните на Тетово дали имаат доволно вода овие жешки летни денови. Тие рекоа дека немаат доволно вода за пиење, но и за други потреби. Според нив, Општина Тетово на чело со Теута Арифи не работела доволно за да најде трајно решение за проблемот, а и Јавното комунално претпријатие со директорот Туши Дервиши и поранешниот директор Џелал Цека никогаш не сносат одговорност за оваа еколошка катастрофа што му се случува на градот на падините на Шар Планина. Група граѓани дури велат дека подготвуваат тужби против некои јавни претпријатија и општински службеници за институционална неодговорност.

Недостигот на вода во Тетово не го одмина градот летово. Граѓаните на Тетово постојано се соочуваат со недостаток на вода и во тек на други периоди од годината, а ситуацијата и понатаму е алармантна во текот на летната сезона.

Теута Арифи, кога го бараше вториот мандат во #Навистинадебата во октомври 2017 година вети дека ќе го реши проблемот со недостиг на вода. Потоа во интервју за Порталб во 2018 година рече дека во рок од две години ќе бидат заменети водоводните цевки, но и тоа не се случи.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...